На местото на сегашниот Здравствен дом да има три станбени објекти и еден посебен во кој ќе биде сместена долго најавуваната поликлиника што треба да се гради во Охрид.Ова е планот на Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, што се очекува да се реализира во соработка со локалната самоуправа.

Во постоечкиот детален урбанистички план е предвидено на локацијата на која сега се наоѓа објектот на Здравствен дом да постои една голема зграда, која би се протегала од предниот влез на основното училиште „Григор Прличев“ па кон гимназијата, се до задниот влез на училиштето.  Во тој комплекс би се вклучила и Поликлиниката. Но, согласно законот, домувањето и здравствените услуги не може да се вршат во ист објект, па затоа одлучивме да се извршат промени во деталниот урбанистички план со помош на локалната самоуправа, во кој ќе се зацртаат три нови објекти и посебен објект кој ќе биде поликлиника, вели директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

Тој додава дека штом се извршат и усвојат измените на ДУП-от веднаш ќе почнат и градежните работи.

Т.К.