Со порака упатена од најмладите„ Рака за рака“ и прошетка низ охридските улици, денес почнуваат активностите во рамки на Европската недела на мобилност.

Утре, активностите продолжуваат со промоција на проектот кој е во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ  „Паркинзи за велосипеди“, при што на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди;

Во среда, од 12 часот, ќе се изврши промоција на Планот за одржлива урбана мобилност ( ПОУМ на град Охрид ) – во просториите на Општина Охрид ; Четврток, 19-ти септември, од 11.30 до 13 часот, ќе се реализира проектот „Паркирај го автомобилот–прошетај со нас“–пешачење низ централно градско подрачје; Петок, од 11 до 12 часот, реализација на проектот „ Исклучи го моторот  и вози велосипед“, велосипедско дефиле  низ повеќе улици  во централното градско подрачје на Охрид.

Сабота, од 11 до 14 часот, „Промени се – паркирај правилно и прописно“, во централното градско подрачје, ќе бидат поделени флаери за подигање на свеста  кај возачите за опасностите   кои  може да бидат предизвикани од неправилно паркираните возила кои можат да ги доведат во опасност децата, лицата со хендикеп, велосипедистите како и сите останати учесници во сообраќајот.

Недела, 22-ри септември, е „ Светски ден без автомобили“, при што ќе бидат затворени улици за сообраќај низ централно градско подрачје на град Охрид.

OhridNews