Минималните температури изутринава се повторно над нулата на целата територија на државата, а најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране и Охрид.
Во Охрид утрово се измерени 7 степени Целзиусови, а во Дојран 11 степени.
Најмногу жожд во изминатите 24 часа наврнаа во Пожаране 30 литри на метар квадратен, Охрид 23, Крушево 21, Тетово 15, Претор 14, Битола 10…
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.
OhridNews