Фудбалските репрезентации од Европа ќе добијат само 16 места на Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во нов формат со 48 репрезнетации.


Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави колку места ќе добијат континенталните федерации. Европа ќе партиципира со најмногу репрезентации, но со помала бројка од она што го очекуваше УЕФА.

ЦАФ (Африка) доби девет места, АФЦ (Азија) осум, КОНКАФ (Северна Америка, Централна Америка, Кариби) шест, КОНМЕБОЛ (Јужна Америка) шест и ОФЦ (Океанија) едно место. УЕФА (Европа) на Мундијалот во 2026 година ќе партиципира со 16 репрезентации.

Преостанатите две места се резервирани за домаќинот, односно за победникот на плејоф турнирот, на кој, со исклулок на UEFA, ќе учествуваат преставници од сите континентални федереции.

Конечната одлука ќе биде донесена на 9.мај на седницата на советот на Светската фудбалска федерација.

OhridNews