Според последните информации од Авто мото сојузот на Македонија добиени попладнево, во 13 часот, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Слаб снег провејува на целата територија во државата.

Во 07.45 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга–г.п. Ќафасан, а за преку планинскиот превој Ѓавато ЗАДОЛЖИТЕЛНа е употреба на зимска опрема (ланци).

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово–Дебар и Гостивар–Кичево, преку Стража се уште се на сила.

OhridNews