Со богата агенда и на спектакуларен начин, навивачка група „Рибари“-Охрид го одбележа јубилејниот 30-ти роденден. Охридските навивачи ги поместија границите на македонската тифо-сцена која до сега не била сведок на ваква организирана прослава. Како изгледаше спектаклот во Охрид можете да погледнете во следново видео изработено од Димитар Бирачоски и Бобан Стојаноски.

Јубилејот на „Рибари“ беше топ тема на Балканот. Медиуми од балканските простори во суперлативи пишуваа за „Рибари“ кои од ракометарите добија победа за поклон за дополнително разгорување на страстите.

OhridNews