Охридското Езеро станува претесно за пловните објекти, но уште поголем проблем е нивносто чување во и вон сезона. Каналот Студенчишта нема доволно капацитет ниту инфраструктура за опслужување на скапите јахти,бродови и глисери, што го наметнува прашањето за изградба на марина во Охрид.
ж Каналот претесен за пловилата
И досега требаше марината да биде направена, смета градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој објаснува дека според новиот урбанистички план кој го финансира Министерството за транспорт и врски, марината се планира да да биде позади Канео во месноста Грашница. Добро е и тука да има марина и да се уреди тој дел од Охрид со пешачки патеки и пристапни патишта преку кои ќе се носат чамците и да се изгради бензинска пумпа, вели Петрески. Но градоначалникот смета дека марина треба да се изгради и кај каналот Студенчишта кај делот од трските кои во последно време се повеќе се шират кон внатрешноста на градот . Треба да се заштити трската соодветно но и да се изгради марина кај каналот, вели Петрески. Со ДУП на тој простор се планира изградба на елитен хотелски комплекс кој според Петрески треба да го пратат соодветни инфраструктурни решенија, како што е изградбата на марина кај каналот.
Со врачувањето на сертификатите за учество, денеска, во родното село на великанот на поетското создавање кај нас, особено во детската литература, Црвена Вода, заврши седмиот по ред Балкански поетск...
Ноќеска во 00:30 часот на бул„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 30-годишен охриќанец При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патнич...
Денеска не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен северен ветер Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени Слично време нбе очекува и...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.