Во рамки на фестивалот “Охрид те сакам”, утревечер, во големата сала на општина Охрид со почеток во 19:30 часот солистички концерт ќе одржи Даниел Мојсоски, еден од најперспективните млади виолинисти во моментов во државата.

Учесник е на сите значајни концерти и манифестации во Охрид и пошироко, а исто така својот талент го докажува на државните и меѓународните натпревари освојувајќи највисоки награди и признанија.

На концертот ќе настапи со композиции од Вивалди, Комаровски, Крајслер, Нардини и Хендел.

OhridNews