Поради немање лични документи за идентификација и постоење сомнение за нелегален престој во Република Македонија, утрово во полициската станица во Охрид приведена е група од пет возрасни и едно малолетно лице, сите странски државјани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Се работи за група од четири машки и едно женско лице на возраст од 26 до 39 години како и и едно шест годишно дете, кои, според кажување на еден од приведените,  доаѓаат од Иран.

Странските државјани се забележани на автобуската станица во Охрид утрово во 01 часот. Тие се задржани во полициската станица за понатамошна постапка.

OhridNews