На двата аеродрома, заедно, се регистрирани вкупно 71.598 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 24,3 отсто во однос на истиот месец минатата година.
На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ минатиот месец биле превезени 3.164 патници, што е зголемување за 120 насто во однос на истиот период претходната година кога имало 1.148 патници.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во март 2013 година биле превезени 68.434 патници, што претставува пораст од 21.9% во однос на бројот на патници во 2012 година.