Успешно реализирана вежба (симулација на паднат авион) на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле организирана од противпожарните екипи кои се вработени на аеродромот.

Вклучени беа сите итни служби од Охрид и Струга (пожарна, брза помош, полиција). Целта на оваа вежба беше временското пристигнување на итните служби во случај на воздухопловна катастрофа. Ваквите вежби се од големо значење. Во случај на реална ситуација, брзината, меѓусебната координација, тактичкиот и технички пристап на лице место е пресуден за намалување на последиците, вели командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски.

Со оваа вежба, додава, ТППЕ Охрид уште еднаш покажа професионалност и спремност на највисоко ниво.

Н.С.Ј.