На програмата на фестивалот “Охридско лето”, вечерва е настапот на  рускиот пијанист Александар Гиндин кој ќе изведе дела од Шуман, Лист, Рахманинов и Стравински.


Гиндин се бвројува меѓу највпечатливите руски пијанисти на денешницата. Отскочницата за неговата брилијантна кариера бил успехот на реномираниот конкурс „Чајковски“ во 1994 година на кој Гиндин бил најмладиот лауреат во историјата на овој престижен натправар. Успесите на натпреварите од ранг на „Кралицата Елизабета“ во Брисел, Кливлендскиот пијанистички натпревар во САД, „Санта Катарина“ во Бразил, понатаму ги потврдуваа врвните квалитети на пијанистот.

Како солист на Московската државна филхармонија Александар Гиндин одржува бројни концерти во Русија и низ свет. Пијанистот настапува во најпрестижните сали во светот: Лондонскиот „Барбикен“, „Кенеди-центарот“ во Њујорк, симфониските сали во Сан- Франциско, Бостон, Чикаго, филхармониските сали во Варшава и Санкт-Петербург, „Концертгебау“ во Амстердам, „Сантори“ и „Сумида Трифони“ во Токио, концертните и театарските подиуми во Рим, Париз, Прага, Тел-Авив… Како солист Гиндин соработува со светски прочуени оркестри.

Гиндин ќе настапи во црквата Света Софија со почеток во 21 часот.

OhridNews