Во рамки на проектот за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток досега во одморалиштето Мајски цвет во Струга летувале 2000 лица кои имале можност да уживаат во убавините на охридското крајбрежје, но и во убавините на Пелистер.

За времето на седумдневниот престој, децата беа дел од програма која  ја реализираа воспитувачи по групи и друг стручен кадар ангажирани од страна на детските одморалишта и волонтери од Црвениот крст на Република Македонија, а за нивното здравје биле ангажирани и медицински екипи.

За реализирање на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток Министерството  за труд и социјална политика обезбеди 15 милиони денари за оваа намена. Со проектот се опфатени 3000 деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на посебен додаток, родени во период од 1997 до 2002 година.

Втората фаза од проектот, ќе се спроведе за време на зимскиот распуст во 2013 година  и со неа ќе бидат опфатени уште 1000 деца.

OhridNews