„Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд со 4-0 го совладаа тимот на Квинс Парк Ренџерс и ја забележаа првата победа сезонава во Премиер лигата.
Четирите погодоци за Јунајтед ги постигнаа различни фудбалери, почнувајќи Анхел Ди Марија, па Андер Ерара продолжи Вејн Руни, а точка на победата стави Хуан Мата.
Деби без погодок имаше и најновата аквизиција на дваесеткратниот првак во англинската лига Радамел Фалкао.
Со трите бода „ѓаволите“ стигнаа до петтиот сезонава, a КПР остана на трите од почетокот на сезоната.
Мх.П.