На последниот собир на челниците на светската куќа на ракометот (ИХФ) во Сочи беа усвоени новите правила во ракометот кои ќе стапат на сила на 1.07.2016, со што ЛОИ во Рио де Жанеиро ќе бидат првиот голем турнир на кои ќе бидат применети.

 

Новите правила се однесуваат на играч со маркер, повреден играч, пасивната игра, последната минута и воведувањето на синиот картон.

Маркер: Можноста да се внесе играч на местото на голманот е задржана како дозволена, но од сега нема да биде потребно играч да облекува маркер на себе. Поради тоа, на играчот нема да му биде дозволено да се врати на неговата половина или па да застане на гол во случај да топката биде изгубена во нападот.

Повреда на играч: Играч кој ќе се пожали на повреда и ќе мора да биде повикан медицинскиот тим на интервенција, ќе мора да го напушти теренот и да почека неговата екипа да комплетира дури три напади па потоа да се врати во игра. Исклучок ќе бидат само голманите при удар на топка по глава.

Пасивна игра: Можеби најсложеното и најнедефинираното правило во ракометот исто така беше предмет на дискусија. Откако судијата ќе ја подигне раката и ќе означи пасивна игра, топката ќе смее да подлежи на најмногу 5-8 додавања без шут на гол додека нападот не биде прекинат, топката одземена и доделена на противничкиот тим.

Последна минута: Ако во последните 30 секунди од натпреварот, играч на екипата која го чува резултатот, се фрли со целото свое тело и направи неспортски фаул окарактеризиран како „целта ги оправдува средствата“, играчот ќе добие автоматски црвен картон но нема да има седмерец како последица на намерниот фаул, освен ако фаулот не е направен во зоната.

Син картон: Откако играчот ќе биде исклучен со директен црвен картон, покажувањето на син картон ќе значи дека против играчот судијата ќе покрене постапка за дискусија од повисоките арбитражни органи, вклучувајќи го играчот во судискиот извештај. Ако играчот остане само на црвениот картон, нема да има дискусија за дополнителни суспензии.

„24ракомет.мк“
OhridNews