На магистралниот пат Гостивар-Кичево, вчера, кај месноста викана „Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркирано патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки. До возилото бил пронајден починат 63-годишен жител на кичевското село Трапчин Дол, со прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица во Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

OhridNews