Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, кај земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, најголем пораст е забележан кај компирите, гравот, кромидот и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај бабурите, лукот, спанаќот и краставиците.
На пазарите на големо, најголемо зголемување на цени на земјоделските производи во ноември 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, е забележано кај компирите, гравот, кромидот и морковот, а додека намалување кај зелените пиперки, зелката и краставиците.












