Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во декември 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај компирите, гравот, кромидот, краставиците и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот и зелката.
Најголемо зголемување на цени на земјоделските производи на пазарите на големо во декември 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај компирите, гравот, кромидот, морковот и лимоните. Најголемо намалување се забележува кај зелката.












