Според прогнозите, времето во Македонија на повисоките места и на планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец, а по котлините магливо, тивко и малку постудено.
Утринската температура ќе се движи од минус седум до минус еден, а дневната од пет до 14 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. По котлините во одделни денови ќе има појава на слаба магла и температурата ќе биде пониска, а на повисоките места и на планините ќе биде потопло.
OhridNews