Националното здружение ,,Храбро срце” трета година по ред ќе го одбележи Светскиот ден на органодарителството на плоштадот во Охрид денес во 12:00 часот.

За таа цел, ќе бидат поделени едукативни флаери за подигнување на свеста, ќе бидат присутни истакнати кардиолози, интернисти, анестезиолози, матични лекари и медицински сестри кои секоја година ја даваат својата поддршка на макотрпните заложби на Здружението за подигнување на свеста за кадаверични трансплантации, информираат од НЗ ,,Храбро срце”.

Вашето малку, за нас значи многу! Ве очекуваме. Подари орган, спаси живот! -порачуваат организаторите.

OhridNews