Деновиве претставници на локалната самоуправа и на градежната компанија „Адора инженеринг“, чиј сопственик е бизнисменот и поранешен кум на Водици во Охрид, Ванчо Чифлиганец, остварија работна средба на која се дефинира поставувањето на спомен обележјето на верскиот празник Богојавление.
Како што појасни Чифлиганец, овие денови треба да се добие одобрението за градба на фундаментот предвиден кај градското пристаниште, а спомен-обележјето треба да се лие од три до шест месеци.
„Имавме работен состанок со локалната самоуправа од Охрид на која стана збор за спомен-обелжјето. Деновиве треба да го добиеме одобрението за градба и фундаментот ќе биде готов за десетина дена. Понатака, потребно е негово лиење од три до шест месеци, што значи дека во првата половина на 2014-та година ќе имаме едно убаво спомен обележје во знакот на големиот христијански празник Богојавление -Водици.“ – истакнa Чифлиганец.
Инаку, споменикот е донација на кумот на Водици -2012, Ванчо Чифлиганец, а авторското решение е на скулпторот Ангел Коруновски. Според најавите спомен обележјето ќе биде поставено кај градското пристаниште.
OhridNews