На 1-ви и 2-ри февруари во големата сала на општина Охрид во периодот од 9:30 до 12:30, матичните лекари од Охрид, Струга и Вевчани ќе започнат да посетуваат задолжителни бесплатни обуки кои ги организира Министерството за здравство на Република Македонија.

Како што информираат од ресорното министерство, целта на задолжителните бесплатни обуки за матичните лекари во земјава е унапредување на достапноста на здравствената заштита, како и унапредување и воедначување на нивото на услуга во примарната заштита.

Упатствата за практицирање на медицина базирана на докази се една од најсериозните алатки во современите здравствени системи и се правно обврзувачки како такви, објавени во „Службен Весник на Република Македонија„ согласно одредбите на Законот за здравствена заштита. Општо прифатен факт е дека со користењето на овие Упатства се штитат здравствените работници, аргуменирано се намалува притисокот за исполнувањето на желбите на поединците кои не се во согласност со научните докази и се намалува можноста за лекарска грешка од една страна, а пациентите добиваат повисоко ниво на здравствена услуга и се зголемува нивното задоволство од друга страна.“ – информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека обуките ќе се вршат за време на викендите, а избраните лекари се регионално поделени по местото на работење со цел одењето на обука да не смета во работните обврски.

Обуките ќе бидат фокусирани на начинот на примената на упатствата во вашата секојдневна работа воопшто, но и конкретно ќе се рагледуваат и пооделни упатства за состојби кои се најфрекфентни во Република Македонија. Обуките ќе помогнат самостојно во иднина да ги користите сите Упатства за кои ќе имате потреба во вашата пракса. Упатствата предвидуваат можност докторот да отстапи од нив, ако оцени дека за тоа постои медицинска индикација, за што треба да состави медицинска белешка кој што останува како дел од медицинската евиденција.“ – додаваат од ресорното министерство.

Инаку, обуките за матичните лекари низ земјава започнуваат од овој виекнд, а истите ќе се оддржат според дефиниран распоред од 25-ти јануари до 11-ти мај оваа година.

OhridNews