Здружението за заштита на животните “Анималиа” – Охрид, денеска од 11 до 14 часот на паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови, ќе оддржи акција насловена како “Дом за бездомните животни”.

Целта на настанот е да се приберат готови куќарки или материјали за изработка на куќарки за животни, кои потоа во соработка со општината и граѓаните ќе бидат поставени на одредени локации во Охрид.

На тој начин ќе им се  помогне на бездомните животни полесно да го поднесат студот и да ја преживеат зимата. Сите оние кои што сакаат да помогнат можат да донесат стари куќарки, како и штици, стари ќебиња, облека и други материјали кои не ги користат, а кои можат да се употребат за изградба на куќарки. Овој настан ќе се одржи низ повеќе градови во Македонија.“ – велат од првото охридско Здружение за заштита на животните, „Анималиа“.

Оттаму се надеваат дека акцијата ќе ја подигне свеста кај граѓаните за проблемот со бездомните животни во Охрид.

Со наша, но и со помош на локалната самоуправа, ќе се вклучиме во решавање на проблемот. Со поставувањето на куќарки, ќе се обидеме проблемот да го претвориме во бенифит за самите граѓани на начин што се јавува можноста кучињата кои ќе се сместат во куќарките да постанат маалски миленици со свој дом во кој ќе можат да бидат хранети од своите граѓани и помагани и полесно контролирани од нашите активисти. Секако ова е само привремено решение за овој проблем. За целосно негово решавање неопходно е создавање на прифатилиште за бездомни животни во Охрид, нешто на што Анималиа активно работи.“ – додаваат од „Анималиа“ Охрид.

Млади охриѓанки во борба за спас и вдомување на уличните животни

Активистите на „Анималија“ и охридските пожарникари спасуваа бездомно животно

OhridNews

X
Активистите на „Анималија“ и охридските пожарникари спасуваа бездомно животно