На 19 октомври ќе се одржат осмите Локални избори во независна Македонија. Изборната кампања почнува вечерва на полноќ и ќе трае до 17 октомври на полноќ кога на сила стапува предизборен молк.

Ќе се бираат градоначалници и членови на совет во 80 општини и градот Скопје. Во Охрид битката за градоначалничката фнкција ќе ја водат четворица кандидати, Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија. За членови на совет поднесени се 11 листи, 7 од партии и 4 независни листи.

Според информациите на Државната изборна комисија, право на глас на локалните избори во Охрид имаат 52580 граѓани.

ОИК извести за промена на локацијата на гласање на повеќе избирачки места на територијата на Општина Охрид:

  • Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар- Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште,
  • Избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште,
  • Избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ – поранешна касарна Ул. Радојца Новичич (новата зграда на училиштето),
  • Избирачките места 1268 и 1268/1 од приватен објект хотел Ловец – Охрид, се префрлени во О.У. „Кочо Рацин“ – „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште, информираат од Општинска изборна комисија Охрид. 
  • Жителите на улица „Александар Турунџиев“ со куќен број од 001 до крај се префрлени во ИМ 1285 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
  • Жителите од улица „АСНОМ“ непарни броеви на куќен број од 001 до 0081 се префрлени во ИМ 1270 – Музичко училиште „Методиј Патчев“,
  • Жителите од улица „АСНОМ“ непарни броеви на куќен број од 0081 до крај се префрлени во ИМ 1273 – Музичко училиште „Методиј Патчев“, посочуваат од ОИК Охрид.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.

Г.М.