Денес истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до УЈП, со кој и официјално отпочна да се применува новата законска обврска за месечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година.

Користејќи ги бенефитите од електронската комуникација, фирмите кои сеуште не се усогласиле и кои не поднеле ДДВ пријава до УЈП, истото ќе можат да го сторат во текот на денешниот ден најдоцна до 23.59 часот, со што ќе се смета дека ја исполниле својата законска обврска во пропишаниот рок.

Според последната евиденција на УЈП, од вкупно 4594 месечни ДДВ обврзници, само 186 фирми се немаат регистрирано за користење на е-Даноци.

Од УЈП информираат дека и покрај активната кампања за информирање и обука на фирмите и сметководствените бироа, поголемиот дел од обврзниците електронските ДДВ-пријави ги доставиле во последните 3 дена.

OhridNews