Два настани забележани во билтенот на МВР за Струга на последниот ден од 2018.
15 годишно момче од Струга, вчеравечер во 20 часот, пријавило дека на улица „Маркс и Енгелс” во Струга, бил нападнато од кучиња скитници, при што се здобило со повреди.
Во 16.15 часот во Полициска станица Струга пријавен бил пожар на камп приколка поставена на улица „Маршал Тито” во Струга сопственост на жител од струшко Радолишта. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Струга. Извршен е увид на местото на настанот.
OhridNews