– Екологијата има голем инвестициски потенцијал ,само е потребна силна политичка поддршка и ставање на екологијата повисоко на политичката агенда на приоритети. Донаторскиот тим на ГТИ во оваа фаза ги вкорпорира нашите предлози во главниот Проектен план. Тоа значи дека Македонија преку МЖСПП ќе добие инвестиција за спроведување на активности за одржлив мониторинг на езерата и за реставрација на водните живеалишта што е дел на стратегиите и акционите планови за сливот и задоволен сум што директно придонесувам за тоа. Во локални рамки пак, тоа би значело инвестиција во заштита ,реставрација и промоција на Езерани и Студенчишко Блато што би било и тоа каков голем напредок, вели Дејан Пановски од Одделението за управување со сливното подрачје на реката Црн Дрим – Охрид.
Проектот е предвиидено да стартува во јануари 2012 и по две години да се добијат конкретните резултати кои ќе ја подобрат економската валоризација на природните вредности од страна на локалните управувачи.