Еден од најавтентичните духовни храмови во стариот дел на Охрид, црквата Св. Никола Геракомија, блесна во ново светло на празникот посветен на големиот светец Никола Мирликиски.

Лајонс клубот Лихнидос на иницијатива на професорот Зоран Тунтев го реосветли храмот посветен на патронот на старите и изнемоштените во рамки на проектот „Охрид – Град на светлината“.

Претходно, на 8 декември, празникот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски, ЛК Лихнидос ја осветли внатрешноста на храмот Света Богородица Перивлепта, кој има исклучителна духовна и историска вредност.

Она што е Сикстинската капела за Италија, тоа е Света Богородица Перивлепта за Македонија, истакна тогаш професорот Тунтев.

Г.М.