Снегот во април ги изненади сите, па и службите одговорни за одржување на патиштата, но и возачите. Граѓани кои вечерва непосредно пред почнувањето на полицискиот час се вратиле во Охрид од Скопје, велат дека на планинскиот превој Пресека и низ Дебрца, на коловозот има доста снег, што го отежнува сообраќајот.

На Пресека, пак според нивни кажувања има повеќе тешки товарни возила заглавени на снегот, иако речиси во текот на целиот ден на овој планински превој на сила е забрана за овој вид возила, како и на Барбарос, Стража, Ѓавато, Плетвар, Буково и на патниот правец крак Маврово-Дебар.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива отежнато и по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Од 19:30ч. сообраќајот на пат.правец Д.Капија-Гевгелија е пренасочен по регионалниот пат поради заглавени ешки моторни возила, информира АМСМ.

OhridNews