Идната година ќе се врши реконструкција на охридскиот Здравствен дом.

Додека се обезбедат средства потребни за изградба на долгонајавуваниот современ објект , министерството за здравство одлучило да се изврши реконструкција на постоечката зграда.


Тим од архитекти испратени од министерството за здравство веќе биле во посета на Здравствен дом   со цел да го изготват планот според кој ќе се врши реконструкцијата.

Како што најавува директорот Митко Дабески, најпрво ќе се започне со санирање на кровот.


По стабилизирање на временските услови, на пролет, ќе започнат активностите. Ќе се прави кровот кој постојано прокиснува , а ќе се изврши реконструкција и на целиот објект , при што Одделението за итна помош ќе се прошири со ушт едве нови простории кои сега ги користат приватни концесионери , објаснува Дабески.

Реконструкцијата на Здравствен дом ќе се врши со средства од надлежното министерство и со сопствени средства на оваа здравствена институција.

Т. Кувенџиска