На едно четиричлено семејство во јуни 2014 година му биле потребни 32.056 денари или околу 522 евра за да ја покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка.
Според пресметката на Сојузот на синдикати на Република Македонија за обезбедување на основните намирници и потреби, од семејниот буџет во шестиот месец од годинава требало да се издвојат:
13.483 денари за Исхрана и пијалоци
10.215 денари за Домување
2.186 денари за Хигиена
2.339 денари за Превоз
2.084 денари за Облека и обувки
1.070 денари за Култура
672 денари за Одржување на здравје
Инаку според последните пресметки на Државниот завод за статистика просечната нето плата во Република Македонија изнесува 21.175 денари.
OhridNews