На редовниот репертоар на охридскиот Народен тетар во текот на месец февруари предвидени се изведби на трите претстави- „Емигранти“, „Полицајци„ и „Ај да си речиме уште една“.

На 8- ми и  22- ри февруари ќе се прикажува претставата „Емигранти“, работена по текст на Славомир Мрожек, а во режија на Ирена Стеријовска. Претставата е под продуценската капа на Горан Стојаноски, а улогите ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана и Адријана Билаловиќ.

На 9- ти февруари , охридската публика ќе може да ја проследи претставата „Полицајци“, работена според текст на Славомир Мрожек, а во режија на Андреј Цветаноски.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Ивица Цонев, Адријана Билаловиќ, гостинот од Тетарот на комедијата од Скопје Валентин Костадиноски, како и Никола Ристески, Игор Георгиески, Владимир Ристески и Катерина Петреска, членови на драмската секција при охридската гимназија „Свети Климент Охридски“,

На редовниот репертоар е и претставата “Ај да си речиме уште една”, чија изведба е закажана на 23- ти февруари. Претставата е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски, а улогите ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

OhridNews