Клубот од Џузепе Меаца, Интер и голгетерот Мауро Икарди блиску се да ги надминат проблемите и да ги закопаат копјата. Најновата информација околу случајот Икарди ја лиферуваше сопругата на фудбалерот Ванда Нара која е негов агент.

  • Разговарав со директорот Џузепе Марота и мир во куќата е многу блиску. Наскоро сите заедно на маса ќе разговараме и ќе ги објавиме сите детали. – изјави Ванда Нара.

Икарди пропушти девет последователни натпревари за Интер. Клубот го суспендираше по одбивањето да игра и му ја одзеде капитенската лента, а Ванда Нара изјави дека се работи за повреда на коленото.

  • Играше со болки и не пропушти ниту еден тренинг. Со тоа покажа колку му значи Интер. Кога ќе се санира повредата ќе се врати на терен. – додаде Ванда Нара.

Несогласувањата на релација Интер – Икарди започнаа откако фудбалерот побара зголемување на платата и останување на клаузулата за трансфер од 110 милиони евра. „Нероазурите“ не го прифатија таквиот предлог и почна сапуницата која ги помина сите фудбалски граници.

OhridNews