Едно девојче во Велика Британија за својот седми роденден од мајката добила ваучер за зголемување на градите во износ од 6000 фунти. Сара Барџ на својата ќерка Попи и го дала овој подарок откако девојчето молело да ја одведе на операција на градите. Освен ваучерот Попи од својата мајка добила и компјутер и комплет накит во розева боја. Рекла дека тие подароци биле остварување на нејзините сништа и дека сите другарки и завидувле.


Сара, позната во јавноста како барбика во човечко издание, рекла дека и го дала ваучерот како би можела да се оперира кога ќе наполни 16 години, кога тоа ќе и биде законски дозволено. Попи и нејзините другарки го прославиле роденденот со детски шампањ и торта од 250 фунти. Сестрите на Попи, Шарлот, Хана и полусестрата Џези веќе имале примено инјекции ботокс, додека нивната мајка досега на пластична хирургија потрошила повеќе од половина милион фунти.