Фудбалерите на Рома со минимални 1-0 го совлада Удинезе на „Фриули“ и се изедначија со Јувентус на врвот од табелата во Серија А.
Но, до значајните три бода „волчицата“ стигна со сомнителен погодок во 17-та минута. Давиде Астори биеше со глава топката од стативата падна зад линија, a според главниот судија таа ја минала со целиот обем што значи дека е погодок.
Да беше оваа случка во Премиер лигата немаше да има никакви делиме бидејќи таму од сезонава се користи технологија на гол линијата.
Затоа за избегнување на вакви моменти во иднина челницте на „калчото“ мора да реагираа брзо како што го направија тоа германските кои од следната сезона ќе имаат помош од гол технологијата.
Мх.П.