Доктор кој работел во шампионатот на Формула 1, Гери Харштајн, изјавил дека на Михаел Шумахер му преостануваат од неколку месеци до неколку години од животот.

„Животниот век на ваквите пациенти, кои не покажуваат невролошки подобрувања, се движи од неколку месеци до неколку години“, рекол докторот Харштајн, a пренесува „Макфакс“.

Тој за британскиот „Daily Mail“ рекол и дека обожавателите на Шумахер треба да се подготват за најлошото.

Изјавата на Харштајн е спротивна од онаа која пред неколку недели ја даде Жан-Франсоа Пејн, докторот кој го лекува Шумахер, тој рече дека за три години поранешниот Формула 1 шампион целосно ќе се опорави.

Шумахер на 31.декември минатата година се здоби со тешки повреди на главата додека скијал во Марибел, во француските Алпи. Седумкратниот Ф1 шампион шест месеци беше во кома во болницата во Гренобл, а потоа беше префрлен во клиниката за рехабилитација во Лозана.

Од пред два месеца Шумахер се наоѓа во својот дом во Женева каде за него се грижи тим на лекари.

Ohridnews