Поради магла на скопскиот аеродром Александар Велики , утрово неколку летови се откажани, а некои од предвидените летови поаѓаат со задоцнување.

Рано изутринава беа откажани слетувањата на авионите од Љубљана и Виена, а исто така и полетувањата кон овие две дестинации, вклучувајќи го и летот кон Загреб.

Во моментов во Скопје има магла, а температурата е нула степени целзиусови.

OhridNews