На Славеј Планина откриена бесправна сеча на буково огревно дрво информираат од ЈП Национални шуми.

За време на празниците од страна на Шумската полиција која врши контролно-патролно чување на шумите, на место викано Равен, наспроти познатото бачило од Русе, на Славеј Планина-охридско, откриена е поголема количина на бесправно посечено буково огревно дрво, велат во соопштението.

Бесправно посеченото буково огревно дрво, додаваат, било одземено и со Записник предадено на Подружницата Галичица во Охрид.

OhridNews