Водата е есенцијална за животот и е од витално значење за добро здравје. Иако редовно се третира и проверува од надлежните, таа содржи материи кои се задржуваат во неа при вообичаениот третман. Најсовремените системи за филтрирање овозможуваат исклучително прочистување на водата за пиење од водоводите од сите непосакувани материи, како и нејзино подобрување. Тие сега се достапни за охриѓани во специјализираната продавница на „Рондо трејд“, која свечено беше отворена денеска.

Во „Рондо трејд“ покрај за филтрирање ќе најдете и системи за реверзна осмоза, депоратори за угостителски објекти, како и комплетна програма на филтри за прочистување на вода.

„Рондо трејд“ е и генерален застапник за Македонија за кафе СS. Gusto“ на познатиот италијански производител „Goriziana caffe“. Нуди современи кафемати за домаќинства и деловни субјекти, како и комплетно решение за кафе за угостителски објекти, а тука ќе најдете и компатибилни капсули за кафе.

Специјализираната продавница за системи за филтрирање на вода, кафе и кафемати „Рондо трејд“, ќе ја најдете на булевар „Туристичка“, во малата скалеста, а за повеќе информации посетете ја нивната веб страна kafeavtomati.mk.

Фото галерија:

Отворена специјализираната продавница за системи за филтрирање на вода,
кафе и кафемати „Рондо трејд“

OhridNews