Во просториите на ФФМ беа извлечени паровите за новото фудбалско првенсто во Првата и Втората лига . На отварањето на сезоната охриѓани кои по пауза од 4 години се вратија во Втората лига ќе гостуваат на Брегалница во Штип. Илинден пак првенството ке го започне на домашен терен во Велмеј против Металург. Струшки Караорман ќе гостува во Скопје на Маџари . Новото 16-то по ред првенсто во Македонија ќе започне на 4 Август. Еве ги комплетните двојки:  

ВТОРА ЛИГА 1.коло (04.08)

СКОПЈЕ-ВЛАЗРИМИ
НОВ МИЛЕНИУМ-ДРИТА
БРЕГАЛНИЦА-ОХРИД
МАЏАРИ С.-КАРАОРМАН
АЛУМИНА-ВАРДАР (Н)
ТЕТЕКС-МИРАВЦИ
ИЛИНДЕН-МЕТАЛУРГ
БЕЛАСИЦА-СЛОГА

Слободна е екипата на Турново

Првата фудбалска лига започнува еден ден подоцна на 5 Август,а на самиот старт дерби натревар во Прилеп каде шампионот Победа ке ја пречекува екипата на Работнички. Еве ги останатите двојки:

ПРВА ЛИГА 1. коло (05.08)

ПОБЕДА- РАБОТНИЧКИ К.
СИЛЕКС-ПЕЛИСТЕР
МАКЕДОНИЈА ЃП-БАШКИМИ
РЕНОВА-МИЛАНО
ЦЕМЕНТАРНИЦА-ШКЕНДИЈА
ВАРДАР- НАПРЕДОК

М. Постоловски