Од Авто- мото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење на Стража, патниот правец кон Крушево, на Буково, Плетвар и Павлешенци каде поради појава на магла, видливоста е намалена до 100 метри.

На останатите државни патишта во Македонија сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews