Според најновите информации добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено, во зимски услови, по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Поради врнежи од снег, и понатаму важи забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот превој Стража, а за планинскиот премин Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема за камионите.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.Особено внимателно возење на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово каде што се забележани почести одрони од вообичаеното.
Дежурните екипи на ЈП „ Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.












