Според најновите информации на Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови.

Коловозите се влажни со наместа остатоци од кашаст снег. На планинскиот превој Стража, на Маврово и на патниот правец Струга-Ќафасан има воведено забрана за тешки товарни возила. На патните правци Кичево-Охрид и Охрид-Ресен се воведе задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила. Патниот правец Гевгелија-Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува. Посебна внимателност на патниот правец Дебар-Струга поради почеста појава на одрони.

На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење по наместа влажните коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата поради честата појава на одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги чекања за влез и излез од државата.

OhridNews