Граѓаните на Струга денеска одржаа нов протст од кој повторно упатија барање за итно решавање на проблемот со дивата дипонија лоцирана во непосредна близина на градот. Тие извесен период го блокираа кружниот тек кој ги спојува магистралните патишта кон Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан со цел да го свертат вниманието на надлежните институции кон проблемот со депонија која со години е извор на загадување и причина за тешки заболувања кај луѓето чиј број, како што истакнаа учесниците на протестот, е во пораст.
Граѓаните бараат најитно да биде изгасната дивата депонија која се уште тлее откако беше опожарена за време на велигденските празници. Но според нив тоа ништо нема да значи доколку не се изнајде реение за нејзина дислокација и не се измени начинот на кој се одлага и користи отпадот кој се создавава во домаќинствата.
Граѓаните на Струга деновиве добиле ветување од владини претставници дека идната недела владата ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за проблемот со дивата депонија во Струга, какмо и дека наредните дениови ќе биде ангажирана механизација за гаснење на депонијата, а паралелно со тоа ќе се разгледува можноста за дислокација на депонијата која се наоѓа на само еден и пол километар од центарот на Струга.
OhridNews