После 12 години поминати вон границите на земјава, еден од негувачите на алтернативната драмска уметност од раните деведесети, актерката Билјана Танески, се враќа на македонската театарска сцена. На 20-ти декември во НУ „Григор Прличев“, квалитетите на Танески ќе можат да ги увидат нејзините охриѓани, преку монодрама на Гогољ насловена како „Дневникот на лудиот“.

Гогољ е еден од најкомплексните луѓе со кои јас сум се сретнала во литературата. Идеата потекнува од едно театарско бифе седејќи со Мето Јованоски. Овој пат, треба повторно да се покажам пред мојата публика. Темата е актуелна и секојдневно се среќава низ нашите животни патишта. Драмата која е во режија на Небојша Тодоровски, претставува како нормалноста во секојдневието, не се разликува воопшто од шизофренијата на модерното општество“ -вели Танески.

Оваа актерка за прв пат во историјата на нашата тетарска уметност, ќе ја толкува улогата на маж, односно ликот на лудиот „Гогољ“. Плановите се оваа монодрама да биде прикажана не само во нашиот крај, туку во повеќе градови ширум земјава. „Како прво не очекувам ништо друго освен едно, а тоа е позитивноста кон моето враќање. Со самото тоа што ова дело е авторски проект, имаме можност монодрамата од 50-тина минути да ја понудиме насекаде. Имам огромна желба да се вратам на штиците во МНТ, каде ќе се бориме да ја ставиме во редовниот репртоар.“-истакна Танески.

Режисерот Небојша Тодоровски, кој воедно се јавува и како композитор на ова ремек дело на Гогољ, потенцира дека музиката ќе биде пласирана во живо на сцената. Исто така, тој апелира до охриѓани што повеќе да го подржуваат театарот. „Живата музика која ќе оди во позадина на сцената, е мое авторско дело. Преку создадената фонија од електрична гитара и појачало, ќе вршам контрола на звукот преку сајзерот. За оваа дисциплина постои посебна наука која се изучува во странство. На граѓаните им порачувам дека време е да почнат да го посетуваат театарот. Нека дојдат на 20-ти на оваа претстава, да видат како размислуваме ние уметниците.“ – вели Тодоровски.

режисерот Тодоровски

Инаку, Билјана Танески е актерка која излезе од стегите на транзицијата уште во раните 90-ти години. Првата претстава во која толкува улога е „Подземна Република“, со која ги освои сите можни награди на ова наше поднебје. Има голем број настапи на филмското платно како и на сцените ширум земјава. Неколку години го има водено Македонскиот Народен Театар, а соработки имала со врвните македонски актери како Мето Јованоски, Кирил Ристовски, Васил Шишков, Тони Михајловски и други. Во 1993 година дипломира на академијата за драмски уметности во класата на Владимир Милчин.

Сакам да се заблагодарам на Народниот Театар во Охрид, кој ни обезбеди простор и време за реализација на оваа наша цел. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите спонзори и сите оние кои на било каков начин допринесоа да оваа моја зацртана цел, се исполни“ – завршува актерката Билјана Танески.

О.Т.