101 км на СУП даски од Нови Сад до Белград извеслаа Ивона Вељаноска и Владимир Вељаноски основачи на СУП Клуб Охрид како претставници од Македонија на СУП регата во Србија.

На 18 и 19 јуни 2022 г., заедно со 30 учесници од Србија, Босна и Херцеговина, и Унграрија, по околу 14 часа стоечко веслање на даска успешно ги совладавме предизвиците на Дунав, река која се издвојува со својата природна убавина, прекрасна, понекогаш непредвидлива, никогаш потценета и секогаш возбудлива, вели Вељаноска.

Оваа регата исто така овозможи одличен почеток за интернационална соработка и промоција на овој спорт и природните убавини на сите земји што учествуваа. Набрзо од СУП Клуб Охрид ќе бидат организирани вакви подвизи и на нашите простори, информира Вељаноска.

Стоечкото веслање на даска, вели, е уникатен начин да се биде блиску до природата со дополнителни придобивки како што е вежбање на целото тело, медитација и социјализација, додававјќи дека овој спорт е одличен за уживање и за почетници и оние кои никогаш не пробале, поради тоа што лесно се изучуваат основните техники.

СУП регатата беше во организација на СУП ентузијасти – „SUP Daske“, а учествуваа и клубовите SUP Neoplanta, Green Bear, Kanjon Adventure, Daska i Veslo.

OhridNews