Државната изборна седница, на вонредната седница што се одржа синоќа, по двочасовна тензична расправа го прифати барањето на ВМРО ДПМНЕ за повлекување на нејзините листи во Струга и Кичево, со цел потоа да се поднесат заеднички листи со СДСМ.
На ваквото барање остро се спротиставија членовите на ДИК од ДУИ и ДПА.
Бедредеин Ибраими од ДПА, предупреди дека ваквиот потег може да предизвика сезиозни последици и етнички тензии. Неговиот колега од ДУИ Субхи Јакупи од ДУИ, истакна дека не е можно да се повлече поднесена листа.
Анета Стефановска, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ рече дека демократско право на една политичка е да го избере нејзиниот партнер.
Непосредно пред гласањето Јакупи ја напушти седницата на ДИК, а Бедредин Ибраими гласаше против.
Како што веќе информиравме, СДСМ во Струга ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р Владо Кочоски, а носителот на заедничката листа на советници ќе биде од редовите на оваа партија.