На царинската испостава во Струга, деновиве, откриен е случај на обид за нелегално внесување во земјава на стока со сомнително потекло.
При контрола на разна стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Прилеп, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Струга, од страна на мобилните царински тимови откриени се 396 сета играчки и 12 парчиња детски автомобили со акумулатори со ознаки на заштитени трговски марки. Вредноста на сомнителната стока е проценета на околу 320.800 денари, кога би се продавала како оригинална.
Сомнителната стока е привремено задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на нивната оригиналност.
OhridNews