997 непријавени полни тули се откриени при контрола на товарно моторно возило натоварено со камени плочи, пријавени за увозно царинење на царинската испостава Струга.  

При контрола на пријавената стокa  која била наменета за фирма увозник од Охрид, царинските службеници утврдиле дека помеѓу легално пријавената стока има и палети со полни тули, што не се опфатени со увозната царинска декларација.

На царинската испостава во Охрид, при контрола на текстилни производи пријавени за увозно царинење за фирма увозник од Тетово, откриени се 196 готови текстилни производи (хеланки и блузи) со ознаки на заштитени трговски марки, соопшти Царинската управа.

OhridNews