Екипата на Манчестер Јунајтед претрпе минимален пораз 2-1 од Сандерленд на првиот полуфинален меч од Капитал купот.

По елиминацијата од ФА купот и веќе загубената трка во Премиер лигата за одбрана на титулата единствен излез за лошата сезона на Манчестер Јунајтед остана Капитал купот или Лигата на Шампиони.

„Црните мачки“ со голот на Бардсли имаа водство 1-0, капитенот на Јунајтед, Видиќ израмни на 1-1 додека конечните 2-1 ги постави Борини од пенал.


Реванш дуелот во полуфиналето од Капитал купот кој ќе се одигра на „Олд Трафорд“ е на 22 јануари.